
МАЈКА СИ ГИ ФРЛИЛА ДЕЦАТА ОД ХОТЕЛСКИ БАЛКОН: Двегодишното починало во болница, другото има три години, во кома е
Жена од Романија
синоќа си ги фрлила своите две дечиња, од хотелски балкон во градот Ботошана,
Романија, а потоа се заканувала дека ќе изврши самоубиство. Биле на возраст од
две и три години.
Двегодишното синче
починало во болница, а другото момче е во кома и е префрлено во градот Јаши.
Откако
пожарникарите ја спречиле да скокне, жената тврдела дека не сакала да ги
повреди децата. Таа на својот сопруг му испратила порака „Збогум“, соопшти
полицијата, повикувајќи се на негова изјава.
Тој рекол дека е
во Букурешт и дека таа му испратила „лоша“ порака, во која на крајот напишала:
„Збогум“ „Никој нема да ги сака“.
Во пораката
испратена до нејзиниот сопруг, го обвинила дека тој ја натерал да го направи
тоа.
„Се надевам дека
си среќен сега што се ослободи од нас“, напишала таа, според извори блиски до
истрагата.
Разговорот на пожарникарите со жената траел околу два часа кои се обидувале да и го одвлечат
вниманието со цел да ја спречат во намерата да скокне. Тие успеале да и пријдат
од прозорецот на хотелската соба и откако биле многу блиску до неа ја
совладале.
Малку подоцна
жената била примена на Одделот за психијатрија во Окружната болница Ботошани.
Според порталот
romaniajournal.ro, жената по потекло е од Албешти, но со децата дошла во
Ботошани за да ги однесе да си играат во парк. Во хотелот влегла со изговор
дека не може да го стигне автобусот за назад, па била сместена во соба на
првиот кат.
ФОТО: Unsplash
