
Мајка на Германка моли за помош: Хамас ја киднапираше, добивме видео
Шани Лук, германски турист, присуствуваше на музички фестивал во Израел кога милитантите на Хамас упаднаа во областа.
Се верува дека таа е киднапирана, заедно со десетици други израелски цивили и војници кои ги држел Хамас како заложници.
Држејќи ја сликата на Шани на мобилниот телефон, нејзината мајка објави на социјалните мрежи дека семејството добило видео на кое се гледа нејзината ќерка „киднапирана од палестински Хамас со група туристи во јужен Израел“.
„Ни испратија видео каде јасно ја видов нашата ќерка онесвестена во автомобил со Палестинци кои возат низ Појасот Газа“, рече таа.
Жената побара каква било помош или информација.
Во извештајот, пишува Би-Би-Си, се наведува дека на фестивалот исчезнале и други туристи, меѓу кои и британскиот државјанин Џејк Марлоу, иако израелската амбасада во Велика Британија за Би-Би-Си изјавила дека не знае дали тој бил земен како заложник.
Неговата мајка изјави за веб-страницата Jewish News дека тој работи како обезбедување на фестивал во градот Офаким, недалеку од Газа.
На видеата објавени на социјалните мрежи се чини дека една Израелка, идентификувана како Ноа Аргамани, која исто така присуствувала на настанот, била киднапирана од двајца мажи и држена на мотор.
Гили Јошковиќ, која исто така била присутна, за Би-Би-Си изјавила дека се сокрила зад дрво додека вооружените напаѓачи се движеле наоколу пукајќи ги сите на кои ќе наишле.
