
Лутон само го налути Ливерпул и доби полна мрежа! (ВИДЕО)
Ливерпул ја оправда улогата на фаворит против Лутон, но работите не се одвиваа така како што се очекуваше.
Во 12. минута Огбене постигна гол за водство на Лутон од 1-0, тоа беше резултатот и на полувремето.
Во вториот дел работите си дојдоа на свое. Во 56. минута Ван Дајк изедначи на 1-1, а само две минути подоцна Гакпо донесе предност на Ливерпул од 2-1.
Течеше 71. минута кога Диаз зголеми на 3-1, а Елиот во самиот финиш ги постави конечните 4-1.

