Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Луке Галески од партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ стана член на Надзорниот одбор на операторот на платен систем КИБС
Економија

Луке Галески од партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ стана член на Надзорниот одбор на операторот на платен систем КИБС

16/06/2025

AA

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, е избран за независен член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје, (“КИБС АД Скопје“) .

Галески е актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и секретар за односи со јавност, протокол и јавни политики на Владата.  Тој има завршено Правен факултет „Јутинијан Први“, специјализирал и е со повеќе годишно искуство од масовни медиуми и корпоративни комуникации. Претходно работел и како владин советник и беше дел од кабинетот на  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Бил и советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Истовремено КИБС извести дека член на новиот состав на Надзорниот одбор на оваа компанија повеќе не е Маја Кадиевска – Војновиќ, исто така поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и актуелна претседателка на партиската комисија за економија. 

За Кадиевска-Војновиќ се шпекулира дека претендира на директорското место на Развојна банка. Кадиевска – Војновиќ е професорка на „Американ колеџ“ и поранешна вицегувернерка на Народна банка

„Согласно одредбите од Член 166-б од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека на
Триесеттата седница на собранието на акционери на Клириншка Куќа клириншки
интербанкарски системи АД Скопје, (“КИБС АД Скопје“) од 02.06.2025 година, се извршија
промени во Надзорниот одбор на Друштвото. За нови членови на Надзорниот одбор се избрани
Снежана Лутвиовска, Атила Селим и Луке Галески како независен член на одборот, на место на
досегашните членови Мирјана Трајановска, Маја Кадиевска-Војновиќ и Софче Јовановска која
беше независен член на одборот.“, објави во меѓуврме КИБС за новиот состав на Надзорниот одбор.

Клириншка куќа КИБС е компанија која е многу значајна за финансискиот промет во земјата, бидејќи основна дејност и е порамнувања на меѓубанкарските плаќања. Главна дејност на КИБС се интербанкарските порамнувања и заради тоа основен извор на приходи се провизиите и надоместоците. 


КИБС е основан во 2001 година, во текот на реформата на платниот систем во Македонија кога деловните банки ја основаа Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје(КИБС) како акционерско друштво. Настана со реформата на платниот промет и трансформацијата на тогашниот ЗПП – Завод за платен промет, како потреба да се создаде институција којашто ќе врши обработка, клиринг и порамнување на малите меѓубанкарски трансакции. 

КИБС е сопственик и на Единствен регистар на трансакциски сметки (ЕРТС), кој стана предмет на законско регулирање со решение на Министерството за финансии. Кон крајот на 2008 година КИБС го формираше и Македонското кредитно биро (МКБ) како независна компанија со база на податоци на обврските на правните и физичките лица со цел да им дава информации на банките и финансиските друштва за нивната задолженост и редовноста во подмирувањето на обврските. Освен клирингот, КИБС ги издава и дигиталните сертификати.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy