
Лукашенко за Трамп: Тој е голем шоумен
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „голем шоумен“, бидејќи смета дека многу од неговите постапки се наменети за американската јавност, а не за странските земји.
Лукашенко изјави за новинарите дека ваквото „постапување“ на Трамп не му доликува на претседателот на земјата, пренесе РИА Новости.
„Доналд е голем уметник, шоумен, бизнисмен, тој знае како да го направи тоа … не се срами да го направи тоа … Ова е за актер, а не за претседател“, рече Лукашенко.