
ЛУКАШЕНКО ВЕЛИ СРБИТЕ ЕДНО ЗБОРУВАЛЕ, А ДРУГО ПРАВЕЛЕ: Тие сакаат и да имаат колач и да го изедат
Белорусија упати остра порака до Србија.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко повика на сериозно преиспитување на соработката меѓу Белорусија и Србија и работата на белоруската дипломатска мисија во оваа земја, пишува белоруската новинска агенција БелТА.
„Треба да размислиме за политиката што Србија ја води и планира да ја води во однос на Белорусија. Ако сакаат (да соработуваат со Белорусија), би требало да видиме резултати од таа соработка во трговско-економската димензија. Ако сакаат да ги поддржат европските и американските санкции против Белорусија, тоа е нивна работа. Тие сакаат и да имаат колач и да го изедат, фигуративно кажано“, рече Лукашенко.
Ја повика Србија да одлучи на која страна ќе застане.
„Ако ја заборавиле нашата добрина кон нив, можат да поддржат санкции“, додаде тој.
Вели дека Србите едно зборуваат, а друго прават. Србија не воведе санкции на Русија. Под санкции е и Белорусија затоа што дозволи од нејзина територија Русија да изврши напад на Украина лани во февруари.
foto EPA