Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Економија

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

21/11/2023

AA

На овогодишното Генерално собрание на Американската
стопанска комора (AmCham), Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“
АД Скопје, Живко Мукаетов, е избран за нов член на Одборот на директори на оваа
организација, која претставува платформа за вмрежување, размена на искуства, споделување
на најдобрите деловни практики и за застапување на интересите на нејзините членки,
чиј број во земјава во моментов изнесува преку 140 субјекти.

„Алкалоид“ е членка на Американската стопанска
комора од 2000 година и еден од нејзините патрони од 2013 година. Компанијата земала
активно учество во многу комитети и работни групи на „AmCham“, меѓу кои Комитетот
за здравствена заштита, Комитетот за корпоративна општествена одговорност, Работната
група за донации и за спонзорства, Работната група за правата од интелектуална сопственост,
Комитетот за развој на работна сила и многу други поврзани со работењето на „Алкалоид“.
Заедно со „AmCham“ „Алкалоид“ има поддржано и учествувано на многу значајни настани
во земјава, како што се Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ) во 2022 и
во 2023 година, информативните сесии за можностите за финансирање компании, трговските
мисии, Б2Б-активностите со меѓународни делегации и други.

За „Алкалоид“, кој важи за еден од најголемите
македонски извозници, соработката со регионални и со меѓународни платформи е од
огромно значење.

„За мене членството во Одборот на директори
на ’AmCham’ претставува нова можност да придонесам за иницирање и за промовирање
позитивни промени во непосредното деловно опкружување, но и за да поттикнам подобрување
на деловната клима и унапредување на условите за одржлив развој“, истакна Живко
Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на компанијата.

Во Одборот на директори на „AmCham“ на денешното
годишно собрание избрани се и Иван Костиќ, Генерален директор на „Филип Морис Тутунски
комбинат Прилеп“; Александра Ивановска, Генерален директор на „Рош Македонија“,
и Душан Митрев, Генерален директор на „Пивара Скопје“.

Работата на Одборот на директори на Американската
стопанска комора е фокусирана на унапредување на регионалната соработка, како и
на соработката со клучните владини институции и со Амбасадата на САД, а еден од
суштинските аспекти на овој одбор е мотивирање и охрабрување на членките на
„AmCham“ да бидат гласот на прогресивниот бизнис-сектор. Мрежата на „AmCham“ низ
Европа брои 46 подружници.

*пр објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле

30/09/2026
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45884
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле во камиони за царинење

30/09/2026

Царински службеници во еден ден открија 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО ФАЛСИФИКУВАЛА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ

30/09/2026

Две и пол години затвор доби вработената во Министерството за внатрешни работи која е обвинета за фалсификување на возачки дозволи,

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од

30/09/2026

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy