Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лукашенко тврди дека Путин сакал да го „збрише“ Пригожин
Македонија

Лукашенко тврди дека Путин сакал да го „збрише“ Пригожин

29/06/2023

AA

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека го „убедил“ рускиот претседател Владимир Путин да не го „збрише“ шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин по бунтот.

Путин првично вети дека ќе го уништи бунтот, споредувајќи го со воените превирања што доведоа до револуцијата и граѓанската војна во 1917 година, но неколку часа подоцна беше постигнат договор да им се дозволи на Пригожин и некои од неговите борци да заминат во Белорусија, пренесува Ројтерс.

Шефот на Вагнер вчера долета за Белорусија од Русија.

При опишувањето на неговиот разговор со Путин во саботата, Лукашенко го употреби рускиот сленг термин за убиство – „избриши“.

„Како што разбрав, беше донесена брутална одлука за „збришење“ на бунтовниците“, рече Лукашенко на состанокот со воени претставници и новинари, пренесуваат белоруските државни медиуми.

Тој додаде дека му предложил на рускиот претседател да „одвои време и да разговара со Пригожин“, на што Путин одговорил дека тоа е бескорисно.

„Слушај, Саша, џабе е. Не одговара, не сака да разговара со никого“, наводно му рекол Путин на Лукашенко, според неговите зборови.

Во 1999 година, Путин го употреби истиот термин за чеченските милитанти, а забелешката стана знак на неговата „тврда“ личност, според Ројтерс.

Кремљ не ги коментираше наводите на Лукашенко, кои даваат редок увид во дискусиите во Кремљ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Катар го осуди иранскиот ракетен напад врз американска база

23/06/2025

Катар остро го осуди иранскиот ракетен напад врз американската воздухопловна база Ал-Удеид, оценувајќи го како груби кршење на суверенитетот и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy