Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лукашенко: САД ја притискаат Русија да користи нуклеарно оружје
Македонија

Лукашенко: САД ја притискаат Русија да користи нуклеарно оружје

07/10/2023

AA

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека со вооружувањето на Украина, САД ја притискаат Русија да користи нуклеарно оружје, пренесе БГНЕС повикувајќи се на Си-Ен-Ен.

„Оставен сум со впечаток – повторно, ова е мое мислење – дека Американците ги туркаат Русите да го користат најстрашното оружје. Тие го вооружуваат Володимир Олександрович Зеленски и неговата војска и обезбедуваат ракети со долг дострел. Дури и проектили способни да прелетаат 300 километри“, рече Лукашенко за време на неговата посета на воен објект во регионот на Брест.

Лукашенко додаде дека доколку таков проектил погоди руска територија, Москва ќе мора да одговори.

„Еден таков напад длабоко во руска територија и одговорот ќе биде колосален. Инаку, зошто ни е потребно ова нуклеарно оружје“, рече Лукашенко.

Според него, разгорувањето на тензијата меѓу земјите може да доведе до ситуација Русија „ќе го повлече црвеното копче и ќе го стави на маса“.

Тој истакна дека „Американците не се плашат за својата безбедност бидејќи се преку океанот“.

Коментарите на Лукашенко дојдоа откако рускиот претседател Владимир Путин еден ден претходно изјави дека е можно да се повлече ратификацијата на договорот за забрана на нуклеарни проби.

Еден ден по коментарите на Путин, претседателот на руската државна дума Вјачеслав Володин рече дека Советот на Државната дума „дефинитивно ќе разговара за прашањето за отповикување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови“ на следниот состанок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy