Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лукаревска: Воведуваме еден од најголемите проекти  „е-фактура“
Македонија

Лукаревска: Воведуваме еден од најголемите проекти „е-фактура“

31/01/2023

AA

Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“.

-Еден од најголемите проекти е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и претставувањето лажна слика преку документација на обврзниците кои ја даваат пред УЈП, рече Лукаревска.

Таа рече дека за овој проект треба поголем период на тест фаза, за да може даночните обврзници да се навикнат на овој проект.

-Паралелно се трудиме да воведеме и е-фискализација. Со тоа, ќе овозможиме да се направи даночен информациски систем, проект кој ќе биде дел од интегриран информациски ситем за управување со јавните финансии, истакна директорката на УЈП.

Таа кажа дека во борбата со сивата економија придонесуваат и договорите потпишани преку „Отворен Балкан“ за размена на податоци, бидејќи полесно се откриваат фирмите со неколку седишта кои затајуваат данок.

Успешната наплата на приходите на УЈП е во зависност од сите општествени текови, а колку поуспешно УЈП го полни буџетот, секоја година се повисок план се добива од Министерството за финансии. Тоа е за нас предизвик, а не пречка, рече Лукаревска.

Таа додаде дека „бројките на наплата се на наша страна“, но потенцира дека уште повеќе средства може да се соберат, а тоа е поврзано со законските услови, борбата со сивата економија, но и дигитализација на процесите.

– Ланската година имаме наплата на 104 милијарди денари, тоа е 17% повеќе од 2021 година. Имаме раст во делот на данок на добивка, 45% повеќе од 2021, потоа 16% повеќе данок на личен доход, што се базира на вееќ пополнетата даночна годишна пријава, преку е-пдд системот, рече Лукаревска.
Таа информира дека има поголема наплата и на ДДВ, за 11,3% во споредба со 2021 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy