Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лукаревска: СДСМ направи вистински чекори кон родова еднаквост и поголема вклученост на жените во општеството
Македонија

Лукаревска: СДСМ направи вистински чекори кон родова еднаквост и поголема вклученост на жените во општеството

03/03/2024

AA

Оваа година Меѓународниот ден на жената во светот се одбележува под мотото: „Инспирирај инклузија“ чија цел е да се охрабрат сите да реагираат кога жената не е вклучена во разговорот и во одлуките. Зашто вклученоста на жените е создавање на подобар свет, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, на осмомартовскиот марш на СДСМ, што се одржа денеска во Кавадарци.

Лукаревска нагласи дека според истражувањата за глобалниот напредок кон еднаквоста, вистински степен на родова еднаквост во светот ќе биде постигнат за 100 години.

Немаме толку време за чекање. Генерациите кои доаѓаат, сакаат и имаат право на поинаков свет.  Горда сум што како Социјал-демократи во изминативе години направивме вистински, а не декларативни чекори за унапредување на правата на жените, законски измени кои суштински водат кон родова еднаквост и поголема вклученост на жените во општеството, рече Лукаревска, додавајќи дека рамноправноста е процес кој не смее да застане, барем не, сė додека жените се помалку вреднувани за работните задачи, не додека имаат помала плата затоа што се жени, за на крајот да имаат и помали пензии, уште пострашно е што жените и натаму се жртви на злоупотреба, на сексуално вознемирување, на семејно насилство, на трговија, на вербален линч, сè почесто се жртви на емоционална торура чии лузни се невидливи, но далеку подлабоки, да не зборуваме за најтешката форма на насилство-убиство на жена само зашто е жена.

Лукаревска нагласи дека одамна е научена лекцијата лузните да бидат инспирација за мудрост, акција и солидарност.

Ајде да зборуваме не за битка за права на жените туку за моќта на еднаквоста и за придобивките од вклученоста на жените во општеството.

Зашто жените се силни, вредни, неопходни, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, од осмомартовскиот марш на СДСМ во Кавадарци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy