Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лукаревска: Околу 200 компании ќе платат солидарен данок
Економија

Лукаревска: Околу 200 компании ќе платат солидарен данок

25/07/2023

AA

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција објави дека по доставените завршни сметки од фирмите, пресметките говорат дека 200-тини компаниј ќе го платат дополнителниот еднократен кризен данок.

Законот за солидарен данок е втор пат поднесен во Собранието, овој пат е поднесен по скратена постапка. Стопанската комора на Северна Македонија и членовите на „КЛУБ 100“ претходно реагираа во јавноста дека не се согласуваат со власта да бидат дополнително фискализирани.  Владата планира со овој данок во Буџетот да собере скоро пет милијарди денари односно 76,4 милиони евра.


– Врз основа на сите евиденциски анализи кои што ги имаме направено, согласно даночните биланси кои што ги имаат доставено компаниите, околу 200 од нив би требало да бидат опфатени со овој данок на солидарност., Зборуваме за споредбени податоци на 2022 со 2021, итн, реле Лукаревска.

Како што беше објавено и при првиот обид за носење на законот, обврска за плаќање на „солидарниот“ данок ќе имаат компании кои во 2022 година оствариле приход поголем од 615.000.000 денари.

– Предлог на законот предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка. Обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. Даночната основа за пресметување наданокот за солидарност претставува позитивната разлика помеѓу износот на даночната основа по намалување утврден во даночниот биланс за оданочување на добивката на АОП 49 за 2022 година или просечниот износ на даночната основа по намалување за 2021 и 2022 година и просечниот износ на даночна основа по намалување утврден во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди зголемен за 20 отсто. Во случај на статусни промени се предвидува повисок процент на зголемување на просечниот износ на даночната основа за претходните даночни периоди, односно 30 проценти – се наведува во решението доставено повторно во Собрание.

Наведените обврзници, на претходно спомената основа ќе имаа обврска да платат данок за солидарност во 2023 година по стапка од 30 проценти. Имено, истите ќе бидат должни да ја утврдат даночната основа на образецот „ДБ-ДС – Даночен биланс за оданочување со данок за солидарност“ и да го платат данокот за солидарност во рок од 30 дена од истекот на рокот на неговото поднесување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44942
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026

Конечно се намалуваат цените на горивата – РКЕ објави дека цените на бензините се намалуваат по 4 денари а дизелот

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во домови и две тешки сообраќајни

10/08/2026

Изминатиот викенд во земјава беше одбележан со серија трагични настани во кои четири лица го загубија животот. Полициските билтени регистрираа

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое

10/08/2026

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение реагираше на острите критики од опозициската СДС за визуелните елементи и уметничките инсталации на манифестацијата „Силно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy