Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лукаревска: Очекувам одговорност од ДПМНЕ за техничката Влада!
Македонија

Лукаревска: Очекувам одговорност од ДПМНЕ за техничката Влада!

24/01/2024

AA

Законска обврска и задача е на сите партии, вклучително и на ВМРО-ДПМНЕ е да ги достават сите кадровски решенија за техничката влада и потоа да се гласа во македонското Собрание, очекувам одговорност, ДПМНЕ мора да научи да почитува законски одредби, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска во интервју за Сител Телевизија.

-ВМРО-ДПМНЕ мора да научи дека она што значи законска одредба дека треба да се испочитува. Каде е оправданоста некој да понуди ресори, да даде свои министри а да не ги гласа, да не ги поддржува? Тоа е политички парадокс, додаде Лукаревска.

СДСМ ќе ја најдобрата кадровска понуда на овие избори потенцираше таа.

-СДСМ ќе ја најдобрата кадровска понуда на овие избори. Наше е да понудиме иднина и просперитет на оваа држава и ние тоа ќе го направиме. Не смееме да дозволиме повторно да се вратиме назад или да се кочиме од внатре, од дома за напредокот на земјата. Во СДСМ во моментов тече внатрепартискиот процес на предлагање и евидентирање кандидати за претседател на државата и за пратеници. Понатаму ќе ги видиме сите анализи, анкети, согледувања и во консултации со раководството на партијата, со коалициските партнери, ќе ги донесеме одлуките за настап на парламентарните избори. СДСМ е основоположник на Европскиот фронт. Убедена сум дека европската опција ќе биде победничка, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Таа додаде дека информациите кои се пласираат за 2016 година се различни од реалноста и потенцираше дека СДСМ ја поддржа техничката Влада.

-Има огромна разлика. Би ја раскажала целата хронологија од таа 2016 година. Се закажа најпрво седница за распуштање на Парламентот со одложено дејство да важи од 24 февруари а изборите да бидат на 24 април 2016 година. Тогаш пратениците на СДСМ ја напуштија салата затоа што дел од заклучоците или обврските од пржинскиот договор тогаш не беа спроведени. СДСМ одлучи дека нема да учествува на избори во април месец заради неисполнети услови од Договорот од Пржино којшто не беше испочитуван. Затоа потоа имаше и Пржино 2. После тоа, на 2-ри септември 2016 година ја имавме и техничката Влада а изборите беа во декември 2016 година, рече Лукаревска во интервју за Дневникот на Сител Телевизија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy