Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лукаревска: Фирмата за струја што должи 5 милиони евра, уште не го платила данокот за солидарност
Економија

Лукаревска: Фирмата за струја што должи 5 милиони евра, уште не го платила данокот за солидарност

16/11/2023

AA

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во денешното интервју за „Гласот на Америка“ вели дека компанијата за електрична енергија која е најголем должник на данокот за солидарност, сеуште го нема платено, иако рокот е одминат уште минатиот месец.

– Најголемиот должник всушност претставуваше трговија со електрична енергија и изнесува 294,6 милиони денари кој што треба да плати данок на солидарност и очекувам дека тоа ќе се заврши во предвидениот рок. Но, сепак, наша обврска е дека треба да направиме одреден контакт со нив бидејќи секоја компанија е приказна сама за себе, а тука сме ние да го градиме оној партнерски однос. И токму на овој начин ние би го покажале за сето тоа, вели Лукаревска.

Во рамки на истото прашање, директорката на УЈП рече дека уште 19 фирми не го платиле новиот таканаречен кризен данок и дека во прашање е наплата на уште вкупно 643,7 милиони денари.

– Бидејќи имаме уште 19 компании од вкупно 156 кои што го немаат платено данокот на солидарност, така да тие секако дека се должници на некој начин, меѓутоа уште овие 19 даночни обврзници ги контактираме постојано за да најдеме соодветно решение како тие да ги подмират своите обврски. Должници имало и ќе има и тоа е дел од нашата законска обврска да треба да ги објавиме со цел да ја запознаеме и јавноста и граѓаните. Данокот на солидарност бидејќи има иницијатива на Уставниот суд ќе видиме како ќе заврши целиот тој процес. Од една страна гледаме дека тој процес за данокот на солидарност со коморите, со засегнатите страни го водевме доста транспарентно и проактивно и напоменавме дека данокот на солидарност всушност е и еднократен. Од друга страна, гледаме дека пак истовремено и компаниите се трудат што побрзо да успеат да ги подмират овие свои обврски. Од овие 19 компании кои што ги напоменав на почетокот, 17 од нив значи немаат воопшто никаква уплата, а останатите две всушност имаат одредено парцијално направено уплаќање да речам ако може така во делот на обврската на данокот на солидарност. Така да, досега имаме останато уште 643,7 милиони денари кои што треба да ги собереме, објаснува Лукаревска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy