Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лукаревска: Блокадата на европскиот пат има име и презиме, тоа е ДПМНЕ
Македонија

Лукаревска: Блокадата на европскиот пат има име и презиме, тоа е ДПМНЕ

14/12/2023

AA

„Повеќе за сите и што ја оправда нашата заложба од 2017 година како постулат на нашите социјалдемократски политики е мерката Мој ДДВ со која вративме над 100 милиони евра назад кај граѓаните“, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на вечерашната трибина „Повеќе за сите“ во скопски Аеродром.

„540 илјади корисници, граѓани кои редовно скенираат фискални сметки се најсилна потврда за успешноста и значајноста на оваа мерка. Од една страна враќаме пари кај граѓаните, а од друга се бориме против сивата економија. Ќе продолжам да се борам и понатаму, оваа мерка да биде најдоброто нешто од сите мерки коишто досега сме ги реализирале“, рече Лукаревска.

Во новата програма којашто ја пишуваме и која знам дека ќе биде најдобра, победничка програма ќе одиме уште еден чекор напред за оваа мерка, затоа што граѓаните заслужуваат повеќе.

„Програма на СДСМ има реализација од 90%. Ја пишуваме и новата победничка програма на СДСМ за изборите 2024 година. Можам да најавам дека лимитот за поврат на ДДВ дополнително ќе го зголемиме, максимално можно, затоа што и во новата програмата на пиедестал го ставаме граѓанинот кој со СДСМ добива повеќе“, рече Лукаревска.

Ако во времето на ДПМНЕ редовноста на повратот на ДДВ иако беше законска обврска не се враќаше, ние редовно ги враќаме, над 40 милијарди денари годишно, редовноста на повратот ја имаме зголемено за 76,5%, додаде таа.

На нашата економија и е потребна стабилна политика и европска иднина, блокадите на ДПМНЕ наштетуваат и на економијата, децидна беше Лукаревска.

„Блокадата на европскиот пат има име и презиме, тоа е ДПМНЕ. Но радосна вест за државата никогаш не била радосна вест за опозицијата, она е заглавена во нивната деструкција, блокада на државата. Затоа ќе бидат поразени на претседателските и парламентарните избори“, рече заменик претседателката Лукаревска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ССНМ се приклучува на утрешниот работнички протест за зголемување на

27/01/2026
Македонија

Манипулативни изјави или дијалог? Тензиите меѓу МНР на Бугарија и

27/01/2026
Македонија

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈА ДЕМАНТИРА СУДИЈКАТА САВОВСКА Невистините и манипулациите не

27/01/2026
Македонија

ЕК ИТНО ДА ОБЕЗБЕДИ ПРЕОДЕН ПЕРИОД, ИЗЗЕМАЊА ИЛИ СПЕЦИЈАЛЕН РЕЖИМ

27/01/2026
Македонија

Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се

27/01/2026
Македонија

Владимир Нелоски ги демантира обвинувањата на СДС: „Мојот татко нема

27/01/2026
Македонија

ATV возило оштетило скијачки патеки на Попова Шапка – случајот

27/01/2026
Македонија

ДРОГА ВО ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА Полицијата пронајде марихуана и вага

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40689
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ССНМ се приклучува на утрешниот работнички протест за зголемување на платите

27/01/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја потврди својата одлука за учество на работничкиот протест закажан за утре,

Манипулативни изјави или дијалог? Тензиите меѓу МНР на Бугарија и Македонија продолжуваат

27/01/2026

Бугарското Министерство за надворешни работи ја изрази својата сериозна загриженост поради, како што велат, континуираниот неконструктивен пристап на официјално Скопје

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈА ДЕМАНТИРА СУДИЈКАТА САВОВСКА Невистините и манипулациите не менуваат ништо, причините за нејзината

27/01/2026

Како одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста поврзани со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy