
Лук Шо останува во Манчестер јунајтед до 2027 година
Шо и Манчестер јунајтед преговараа полни 18 месеци за новиот договор кој му истекуваше летово, откако во декември 2022 година потпишаа првично едногодишно продолжување на договорот, кое беше како опција со претходниот.
Англичанецот кој има 170 настапи за Манчестер јунајтед, а 29 меча за Англија, дојде на „Олд Трафорд“ во 2014 година од Саутемптон за 30 милиони фунти.
Официјализација на новата соработка се очекува многу наскоро откако сѐ е веќе комплетирано и договорено.

