Лудница во Белград: Навивачите побараа нов договор за Обрадовиќ – тој веднаш го потпиша (ВИДЕО)
Актуелниот договор на Обрадовиќ со Партизан истекува по крајот на оваа сезона, поради тоа навивачите скандираа „договор за Жељко“.
Тренерот на Партизан ги воодушеви кога се потпиша на таблата која ја користи при тајм-аути. Со тоа веројатно сакаше да каже дека останува во црно-белиот табор.