
Лудило во Амстердам: Ајакс по 34 пенали го совлада Панатинаикос
По 120 минути игра беше 0-1, исто како пред една недела во Атина, па се пристапи кон изведување пенали. Изведени беа дури 34 удари од белата точка, во 17 серии, а двете екипи пропуштија по неколку шанси да излезат како победници. Интересно е тоа што Броби од Ајакс промаши два пенала, но сепак се спаси од епитетот трагичар бидејќи по вториот удар, не беше прецизен ни противничкиот играч Виљена, па Гаеи стави точка на маратонот, за финални 13-12.
Во плејофот, Ајакс ќе се сретне со шампионот на Полска, Јагиелонија чиј член од неодамна е македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

