
Луд меч: Партизан стигна -22, па загуби со кош на две секунди пред крајот
Славеше шампионот на БиХ со 91-89 со кош на Муди на две секунди пред крајот иако се чинеше дека домашниот тим ја има психолошката предност и е поблиску до триумфот. Во третата четвртина, Игокеа во неколку наврати водеше и со 22 поена разлика, но Партизан во последниот квартал направи пресврт и имаше нерешен резултат (89-89) и напад на 40-тина секунди пред крајот.
Во следната акција Камински шутираше за тројка, не беше прецизен, топката одеше во аут, Атиќ ја спаси, но до неа во исто време дојдоа Ледеј и Муди и судиите досудија потфрлање. При скокот, Ледеј толку силно ја изби топката што таа не дојде до негов соиграч, туку одеше надвор од теренот. Нанели ја спаси, но напад доби Игокеа која преку Муди, на две секунди пред крајот постигна победнички кош.
Ова е втор пораз за Партизан сезонава во АБА лигата и двата ги доживеа на сличен начин, со кош во последните секунди. Против Мега, Трифуновиќ си постигна автокош, а вечерва за пораз на „црно-белите“ се погрижи противнички кошаркар.