Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛУЃЕТО СЕ ПОВЕЌЕ ПАТУВААТ – Авионскиот сообраќај со најголем раст, еве каков е интересот за железничкиот и патниот
Економија

ЛУЃЕТО СЕ ПОВЕЌЕ ПАТУВААТ – Авионскиот сообраќај со најголем раст, еве каков е интересот за железничкиот и патниот

13/10/2023

AA

Од почетокот на
годината бројките на корисници на авионскиот превоз значително пораснале, па во
вториот квартал биле превезени дури 843.654 патници, додека истиот период
минатата година биле превезени 598.792 корисници.

Дека интересот
кај граѓаните за патување се враќа потврдуваат и бројките на корисници на
останатите типови на јавен превоз, како кај автобускиот или патничкиот, така и
кај желеничкиот превоз.

Според последните
бројки кои ги објави Државниот завод за статистика, во нивниот месечен
статистички билтен, бројот на патници кои го користат патниот или автобускиот
превоз се има дуплирано во споредба со 2021 година.

Па така во
вториот квартал 2021 година биле превезени 561 илјада патници, додека истиот
квартал 2022 година 893 илјади патници го користеле овој тип на превоз. Оваа
година во вториот квартал биле превезени 1.048.000 патници.

Подобрување има и
во железничкиот превоз каде бројот на патници на почетокот на годината имаше
голем раст, додека во вториот квартал забележа благо успорување. Првиот квартал
оваа година биле превезени 102.000 патници, додека во вториот 73.000 патници.

Летните месеци се
вообичаено месеци кога повеќе се патува поради годишните празници, и поповолните
временски услови, поради што очекувањата се дека за третиот квртал ќе има уште
поголем број патници кои ги користат услугите на превозници било да е тоа
автобускиот, железничкиот или авионскиот превоз.

Познавачите на
состојбите за Фактор посочуваат дека по пандемијата сосема е очекувано да има
зголемување на бројките на превезени патници, но истакнуваат дека се уште не се
вратени на состојбите пред пандемијата, или на бројките од 2019 година кога
нормално се патуваше.

– 
Вообичаено
летниот период повеќе се патува, па така беше и летово. Се бараше карта повеќе
за сите дестинации. Точни бројки во моментов немам, но имаше голем интерес и за
туристичките дестинации, но и за европските градови, особено за оние каде имаме
многу иселеници. Традиционално се бараат карти за Швајцарија, Германија и
Австрија најмногу. Линиите кон поголемите градови се редовно исполнети – вели нашиот
соговорник, кој дополнува дека и понатаму се очекува подобрување на бројките,
односно понатамошен раст на патниците, ако не настанат повторно нови случувања
кои би ги попречиле луѓето во плановите.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy