
ЛОЗНИЦА: Фаќаа крст во женска и машка категорија
Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија.
Како што пренесува српски Курир, Давид Милосављевиќ (29) е победник на годинашното фаќање на светиот крст во Лозница во машка конкуренција, а осумнаесетгодишната Наталија Симиќ во женска конкуренција.
Наместо во ладната Дрина, 125 капачи влегоа во езеро кај ресторанот „МН“, на слаб дожд на плус два степени. Од 125 натпреварувачи, дваесетина биле девојки. Милосављевиќ од Лозница, поранешен ватерполист кој првпат учествуваше на ваков настан, најбрзо ја препливал делницата од 33 метри, која го симболизира бројот на годините на Исус Христос.
Победничката во женската категорија, Наталија пак, е од лозничкото село Јадранска Лешница и првпат пливала за Водици.
