
Лош старт на реновираниот Вардар: Брера со тројка ги испрати „црвено-црните“
Во последниот меч од првото коло, „црвено-црните“ загубија на гостувањето кај Брера со 1-3 што е најдобар доказ дека пред нив претстои уште многу работа за враќање на шампионските патеки. Брера одигра одличен меч, ги искористи сите грешки на гостинскиот тим и по првото коло ќе биде на делба на челната позиција затоа што само уште Шкендија оствари победа со повеќе од еден гол разлика.
Брера дојде во водство во 15. минута преку Ивковиќ за 13 минути подоцна да израмни Закариќ. Сепак, тоа беше се од Вардар, во вториот дел повторно стрелаше Ивковиќ, а конечнио резултат го постави Олаосебикан во 76. минута.
Шанса за прва победа во новата сезона, Вардар ќе има во дербито со Пелистер во второто коло во кое Брера ќе гостува кај Силекс.
