
Локомотива доби суспензија на терен, ама лапна службена победа?!
Тоа што Беласица загуби службено со 0-3 и покрај тоа што членови на стручниот штаб беа физички нападнати од домаќините е веќе архивиран куриозитет, затоа што постоел уште еден, кој го надополнува и надминува првиов.
Комисијата за натпревари покрај службените 3-0, донела и одлука да го суспендира теренот на Локомотива и клубот да го даде на дисциплинска комисија. Кој знае дали постои некој од фотелјашите во ФФМ што може да даде разумно објаснување како тоа теренот на Локомотива бил доволно добар за да се одигра мечот против Беласица од една страна, а од друга страна тој е суспендиран за понатамошно играње.