Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Локалната иницијатива „И здравје и работа“ со прашање до еко активистите од струмичката котлина: АКО ПИСМОТО НА КОНЦЕСИОНЕРОТ НА ИЛОВИЦА Е ЗАДОЦНЕТО И БЕЗ НИКАКВА ТЕЖИНА ЗОШТО ПРЕДИЗБОРНО И СЕ ЗАКАНУВАТЕ НА ВЛАДАТА И ПАРТИИТЕ?
Македонија

Локалната иницијатива „И здравје и работа“ со прашање до еко активистите од струмичката котлина: АКО ПИСМОТО НА КОНЦЕСИОНЕРОТ НА ИЛОВИЦА Е ЗАДОЦНЕТО И БЕЗ НИКАКВА ТЕЖИНА ЗОШТО ПРЕДИЗБОРНО И СЕ ЗАКАНУВАТЕ НА ВЛАДАТА И ПАРТИИТЕ?

09/12/2023

AA

Иницијативата на локалното население на струмичката котлина „И здравје и работа“ со особено внимание ги следи дежурните критичари кои се хистерично вознемирени после прес конференцијата на концесионерот на рудникот „Иловица“.

Загрижени сме што повторно истите актери по секоја цена се обидуваат да спречат аргументирана дебата за евентуална реализација на инвестиција која има потенцијал да обезбеди долгорочен економски развој кој ќе ги враќа младите од туѓина. Не сакаме да веруваме дека е можно заради лични интереси на неколкумина лажно загрижени негативци, како општество да пропуштиме шанса за обезбедување сигурна иднина за регионот и целата држава. На овие само крунисани еко активисти и експерти за екологија, рударство, медиуми, кампањи, политичко-безбедносни прашања се им пречи. Не е битна содржината на кажаното, туку се тргнува веднаш во организирана хајка за дискредитација на оние што тоа го кажуваат. Како да имаат уплав да се соочат со аргументи, како некој со далечинско да ги притиска да сеат страв и паника меѓу населението.

Да бидеме на чисто. „И здравје и работа“ е категорично против рудник кој би користел штетни супстанци за експлоатација на бакарот. Но, ние, за разлика од дежурните критичари веруваме дека постои начин, пристап, соодветен народен активен надзор кој ќе влева сигурност дека рудникот може да биде 100 % сигурен за здравјето, да ја штити животната средина и да обезбеди чиста вода за земјоделското производство.

Затоа, апелираме до владата, локалните самоуправи, и со оглед на фактот дека влегуваме во предизборен период, најмногу до политичките партии, да не наседнуваат на притисоците на лажните еко активисти. Ако писмото на концесионерот до министерството за животна средина е задоцнето и без тежина, зошто лажните еко активисти хистерично ви се закануваат со гласови? На теренот постои маса на луѓе кои сакаат да ја пронајдат и слушнат вистината, но заради агресивноста на неколкумина до сега беа воздржани. Некој упорно се труди да ве навлече да размислувате со емоции и број на гласови, а не со разум. Станува збор за инвестиција која го надминува времетраењето на еден мандат на локалните самоуправи и влада. Да бидеме мудри и да се обидеме да гледаме подалеку во иднината. На Македонија и е потребна економска независност и разумно ползување на природните богатства.

Најавуваме дека во наредниот период претставници на нашата иницијатива ќе побара средби со повеќе општествени чинители кои се исклучително важни во процесот на усвојување на конечни одлуки за судбината на оваа исклучително важна инвестиција за струмичката котлина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy