
Лога вели дека нема нови информации за екстрадицијата на Палевски
Министерот за правда, Кренар Лога денеска рече дека нема нова информација околу процесот за екстрадација на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски.
Според него, ако има нова информација таа ќе биде навремено споделена со јавноста.
„Досега немаме никаква информација дополнително да ја споделуваме со вас. Кажавме и минатиот пат на прес-конференција и со премиерот, кога и да имаме тоа ќе биде споделено со јавноста и со вас“, изјави Лога.

