
Лога смета дека негласањето на Законот за Амнестија е поради гневот кај Македонците за тоа дека многу Албанци ќе бидат амнестирани
Министерот за правда, Кренар Лога на ТВ21 истакна една од причините што според него ги принудиле македонските пратеници да гласаат „против“ Законот за амнестија.
Иако одби да оцени зошто и пратениците на СДСМ не го поддржале Законот, Лога посочи дека од коментарите на социјалните мрежи една од причините можеби била „големата горчина на Македонците“.
„Посакувам да го повикате премиерот и да го прашате, бидејќи тоа што се случи е многу болно за семејствата на затворениците. Имаше гнев кај Македонците дека многу Албанци ќе бидат амнестирани и македонските политичари да не гласаат за тоа“, рече Лога.
