Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лога: Процесот на екстрадиција на Палевски е во тек и сѐ е како што треба
Македонија

Лога: Процесот на екстрадиција на Палевски е во тек и сѐ е како што треба

19/12/2023

AA

По сите барања постапуваме веднаш и е одговорено. Процесот на екстрадиција е во тек и сѐ е како што треба, изјави министерот за правда Кренар Лога, во врска со екстрадицијата на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, кој е во притвор во Турција.

Во изјава за медиуми по завршувањето на денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените, министерот Лога информираше дека за екстрадицијата нема дополнителни нови информации од она што е досега објавено.

Досега, освен тоа што е објавено од наша страна, нема дополнително нешто друго. Кога и да имаме благовремено ќе бидете известени, рече министерот.

Од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда, претходно на брифинг со медиумите, појаснија дека барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски и дека вчера стигнало известување од Турција дека е примено. Појаснија дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Брифираа дека е мала можноста за Палевски да побара азил, бидејќи, како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

По две недели од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски – Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција.

За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy