
Лога: Предлог-иницијативата за уставни измени најверојатно утре ќе биде усвоена од Владата
Предлог иницијативата за уставни измени веќе од минатата недела е во владина постапка и најверојатно утре ќе биде разгледана и усвоена во Влада, изјави министерот за правда Кренар Лога.
Предлог-иницијативата за устави измени подготвена од работната група при Министертсвото за правда на почетокот на месецов беше доставена до Владата и како што беше најавено тогаш, ќе биде разгледана на некоја од наредните владини седници.
Очекувањата тогаш беа дека уставните измени би можеле да влезат во Собранието во средината на месецов кога и формално ќе почнат да течат роковите за уставни измени.