Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лога : Пред нас се уставните измени, од нас зависи дали ќе чекориме по патот на ЕУ
Македонија

Лога : Пред нас се уставните измени, од нас зависи дали ќе чекориме по патот на ЕУ

29/04/2023

AA

Почетокот на преговори за членство во ЕУ бара од нас да се интензивираат активностите за јакнење на владеењето на правото и правната сигурност преку реформи во системот и хармонизација на законодавството, порача министерот за правда Кренар Лога кој учествуваше на конференција, во организација на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово.

Лога истакна дека реформите во правосудниот систем не можат и не смеат да останат само на хартија.

-Усвоените закони треба да се имплементираат, а реформите треба да овозможат промена на практиките и навиките (особено на погрешните) како и на предрасудите. Министерството за правда останува посветено на подобрување и јакнење на правната и институционална рамка во борбата против организираниот криминал и корупција. Реформската агенда бара посветеност, знаење, но и поддршка од сите чинители, во обидот да станеме дел од големото европско семејство.Пред нас се уставните измени. Од нас самите зависи дали ќе чекориме по патот на ЕУ или ќе стоиме во место. Време е, сите заедно да донесеме државничка одлука, истакна Лога.

Како што посочи, поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права” од Кластерот „Темели” е клучно во евроинтегративниот процес.

-Имаме политичка волја, но и посветеност за решавање на одредени недостатоци во областа на правосудството, како и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Како Министерство за правда имаме направено многу во делот на реформите во правосудниот систем; во тек е дигитализација во правосудството, се подготвува нова Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2023-2027 година После скоро три децении години, најверојатно до крајот на годината ќе имаме комплетно нов Кривичен законик, а во тек е и подготовка на првиот Граѓански законик во кој за прват во еден акт ќе биде кодифицирана граѓанско-правната материја. Тука се и Законите за помилување, за управување со конфискуван имот, за правда на деца, за извршување на санкции и други кои наскоро ќе влезат и во собраниска процедура, нагласи Лога.

УЈИЕ беше домаќин на меѓународната научна конференција „Современите аспекти на правната доктрина и толкување-предизвици и перспективи”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy