
Лога: На сила е одлуката на Централното претседателство која ЕДНОГЛАСНО беше изгласана, да се оди сами на избори!
Министерот за Правда, Кренар Лога на својот Фејсбук профил објави дека Алијансата за Албанците нема разгледано ниту едно барање во нејзините партиски органи.
„Врз основа на интересот на медиумите и на општото членство, сакам да ве информирам дека Алијансата за Албанците нема разгледано ниту едно барање во нејзините партиски органи, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание во однос на предизборните коалиции. На сила е одлуката на Централното претседателство која ЕДНОГЛАСНО беше изгласана да оди сам на избори. Го повикувам Собранието на АХВ да го поддржи едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е: АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ДА ОДИ САМА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2024!“, порача Лога