Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лофтус Чик распука по Рен, сензацијата во ЛЕ се вика Карабаг (ВИДЕО)
Спорт

Лофтус Чик распука по Рен, сензацијата во ЛЕ се вика Карабаг (ВИДЕО)

15/02/2024

AA

Екипата на Милан  заврши повеќе од половина работа во дуелот со Рен откако вечерва на домашен терен триумфираше со 3-0 во првиот меч од 1/16-финалето на Лигата Европа.

Играч на мечот беше англискиот репрезентативец Лофтус Чик кој ја потврди одличната форма, постигнувајќи два од трите гола за својот тим. Третиот погодок беше дело на Рафаел Леао во 53. минута, а двајцата стрелци нешто подоцна го напуштија теренот за да се одморат за следните искушенија на Милан.

Лофтус Чик стана прв играч од средниот ред на Милан, по Кака во 2007 година кој постигна два гола на еден натпревар од европските купови.

Најголемото изненадување во Лигата Европа го направи азербејџанскиот Карабаг кој буквално ја растури Брага како гостин, совладувајќи ја со 4-2. Можеше да биде и поубедливо бидејќи до почетокот на судиското продолжение Карабаг имаше 4-1, но Мутињо од пенал во 91. минута го ублажи поразот на неговиот тим.

РЕЗУЛТАТИ
Милан – Рен 3-0
Бенфика – Тулуз 2-1
Брага – Карабаг 2-4
Ленс – Фрајбург 0-0

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy