
Лофтус-Чек и Милан се договорија, се чека Челси да даде „зелено светло“
Лофтус-Чек е прекуброен на „Стемфорд бриџ“, еден од дузината играчи кои летово ќе си заминат откако Тод Боели купи еден куп фудбалери во изминативе два преодни рока за 600 милиони евра, а планира да продолжи со пазарот и летово.
Според последните информации, се чека Челси да ја прифати понудата на Милан за трансфер, за да се реализира првото од низата засилувања што „росонерите“ ги планираат за новата сезона. Преговорите на Милан и Лофтус-Чек стартуваа пред две недели, а и двете страни наводно се близу до договор и оптимистички расположени дека ќе најдат заеднички јазик за сумата за трансфер.

