
Ливерпул не најде лек за Кристал палас, излезот во Европа е сѐ подалечен!
Тоа беше натпревар со по две-три шанси на двете страни, но напаѓачите не најдоа начин како да ги затресат мрежите на голманите на обата тима. Ова беше второ реми во пресметките на овие два клуба, со оглед што и првиот дуел на „Енфилд“ заврши со поделба на бодовите (1-1).
Ливерпул сега има 36 бодови и на седмата позиција на табелата во Премиерлигата и тоа со шест бодови помалку од Тотнем, кој е на последното место кое води во ЛШ следната сезона.