
Ливерпул го доби градското дерби со Евертон, па ЛШ сѐ уште е достижна (ВИДЕО)
Ливерпул победи со 2-0 со гол на Мохамед Салах во 36-та минута и на Коди Гакпо четири минути во вториот дел, па „црвените“ сега дојдоа до 32 бода на деветото место, девет зад Њукасл кој има 41, ама црно-белите имаат и меч повеќе. Ако Ливерпул ја намали преноста на Њукасл на шест бода, оваа разлика е достижна, но четата на Јирген Клоп ќе треба да влезе во победничка серија која изостанува сезонава, а ова им беше прв триумф по пет меча.
Евертон со поразот, четврти во последните пет меча сега е прв од триото во опасната зона со само 18 бода, но не така далеку од сигурниот дел, зашто Лидс е на само бод, а Вест Хем на два бода предност.