Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ливерпул ја обезбеди титулата, а сега следи уште еден важен потпис
Спорт

Ливерпул ја обезбеди титулата, а сега следи уште еден важен потпис

02/05/2025

AA

Екипата на Ливерпул официјално ја заврши кампањата во Премиер лигата со шампионска титула, откако викендов и математички ја обезбеди титулата

 Три кола пред крајот, тимот на Арне Слот може мирно да ги планира следните чекори за новата сезона, која ја дочекуваат со поголеми амбиции од било кога досега.

Иако оваа година беше најавувана како транзициска, со многу отворени прашања околу иднината на клучни фудбалери, резултатите, особено во Премиер лигата беа одлични. Сега, откако се финализирани договорите со Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, а се очекува и заминување на Трент Александер-Арнолд, „црвените“ подготвуваат уште еден важен потег.

Според информациите на „Скај“, клубот наскоро ќе влезе во преговори со Луис Дијаз за продолжување на соработката. Колумбискиот офанзивец, за кого минатото лето имаше шпекулации дека би можел да премине во Манчестер Сити, сега е во фокусот на клубот како еден од столбовите на идниот проект.

Дијаз неодамна го одигра својот 100-ти натпревар во Премиер лигата во дресот на Ливерпул, а сезонава има постигнато 16 голови во сите натпреварувања.

„Би сакал да ја освојам Лигата на шампионите со Ливерпул“, изјави неодамна напаѓачот, испраќајќи јасна порака за својата мотивација и посветеност кон клубот.

Тој пристигна на „Енфилд“ во 2022 година од Порто за 54 милиони евра, а неговиот актуелен договор важи до 2027 година. Сепак, клубот сака да го задржи и по тој период, верувајќи дека Дијаз има уште многу да понуди во борбата за европски и домашни трофеи.

Фото: Liverpool FC/X

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy