
ЛИРАТА ГУБИ ОД ВРЕДНОСТА: Tурската валута и натаму е нестабилна
Се намалува вредноста на турската валута. Турската лира падна на најниска вредност во однос на доларот.
Таа вчера се тргуваше за 29,70 лири за долар. Економистот Алатин Акташ изјави за дневниот весник „Џумхуриет“ дека се очекува годинава курсот на доларот да порасне на околу 40 лири за долар.
Инфлацијата во Турција во ноември лани изнесуваше 61,98 отсто, објави Фена. Турскиот институт за статистика се очекува денеска да ги објави официјалните податоци за инфлацијата за 2023 година. Турската централна банка во декември ја зголеми референтната каматна стапка за 250 базни поени на 42,5 отсто со цел да се запре девалвацијата на лирата и да ја стабилизира високата инфлација. Турција лани уриваше рекорди со својата инфлација која беше и над 80 отсто. Лирата со години е нестабилна.
