
Лион со три гола ја покори Троа (ВИДЕО)
Баркола пред истекот на првите 45 минути ја погоди мрежата на Троа за водство од 1-0 додека Шерки зголеми на 2-0 по 15 одиграни минути во второто полувреме.
Рони Лопез набрзо ја враќа неизвесноста во мечот, откако намали на 1-2, меѓутоа Лаказет со гол во 93. минута ги постави конечните 3-1.
Лион се наоѓа на осмата позиција со 32 бодови, односно осум бода помалку од петтото место кое води во Конференциската лига.