
Лион го совлада Анже и се врати во трката за топ-4 во Лига 1
Поранешниот француски шампион поведе со голот на Таљафико во 26. минута, додека во второто полувреме стрелаа Черки и Микаутаѕе за победа од 3-0.
Лион по 14 одиграни меча има 25 освоени бодови, односно еден поен до третата позиција на која се наоѓа Олимпик Марсеј.
