Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лимински: Германија е сериозна во поддршката за ЕУ, уставните измени се нешто низ кое треба да поминете
Македонија

Лимински: Германија е сериозна во поддршката за ЕУ, уставните измени се нешто низ кое треба да поминете

20/03/2023

AA

Треба да ги отстраниме бариерите на патот кон ЕУ, бидејќи Северна Македонија треба да го заземе заслуженото место во Европската Унија, порача денеска од Скопје Натанаел Лимински, министер за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија, говорејќи на конференцијата „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.

-Сериозни сме во поддршката на земјава на патот кон ЕУ, и затоа сакаме да неопходните уставни измени наскоро да бидат донесени. Знам дека ова ќе предизвика дебати во општеството, но тоа е нешто низ кое треба да поминете, и можете да сметате на нас дека сме на ваша страна во овој процес, и се надеваме дека на крајот на сето ова, државата ќе биде помалку поларизирана, рече Лимински.

Тој истакна дека нивната посета на Скопје е да го реафирмираат партнерството со Северна Македонија.

-Нашето партнерство се зголемува и продлабочува во повеќе области, во бизнис секторот, граѓанското општество, образованието, особено постдипломските студии, имавме проекти за зајакнување на новинарството, ја означивме соработката меѓу полициите. Присуството овде на бизнис делегацијата покажува дека сакаме да го продлабочиме ова партнерство, рече Лимински.

Тој изрази очекување дека пречките на патот на земјава кон ЕУ брзо ќе се надминат, потсетувајќи дека во јули минатата година процесот на пристапување продолжи со одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, што беше оддолжено подолго време.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ истакна дека Германија е најзначаен европски партнер на Северна Македонија и Германија, рече тој, е земјата којашто најмногу не поддржуваше на нашиот пат кон интеграција во Европската Унија.

-Ова не се само зборови, тие направија многу силни напори за да не туркаат напред, вклучително и при решавањето на прашањето со Бугарија. Ова е само почеток, очекуваме натамошна поддршка во периодот што претстои, особено во областите како што се владеење на правото, борба против корупцијата, демократијата, граѓанското општество, но исто така и во реформата на образованието, особено стручното образование, реформа на јавната администрација, но исто така и поддршка на економските струкурурни реформи и развивање на економската соработка, истакна Маричиќ.

Во моментов, оцени вицепремиерот, имаме тежок период со нашите соседи.

-Го надминавме долгорочното прашање со Грција, сега сме во процес на надминување на истото со Бугарија, но сметам дека треба да се фокусираме на наградата, а наградата е членството во ЕУ, рече Маричиќ.

Обраќајќи се кон младите, Маричиќ кажа дека неговата генерација има задача да донесе тешки одлуки, за да нивната генерација не се занимава со истите работи.

-Навистина не сакам да видам некој од вас, седејќи на ова исто место, за пет или десет години, да ги решавате истите прашања и да дискутирате за истите работи. Прашањата коишто не се решени од претходните генерации политичари, сега останува на нас да се занимаваме со истите прашања повторно, само 20 години подоцна, рече Маричиќ.

Тој додаде треба прво да се работи на домашните реформи, особено во владењето на правото, ефикасно судство, ефикасна борба против корупцијата, функционирање на демократските институции и реформа на јавната администрација.

-Овие области беа идентификувани во скрининг процесот со ЕУ како успешни, но сме на половина пат. Сега сме во првата многу важна фаза, а тоа е скрининг процесот во којшто треба да ги идентификуваме сите наши предности и слабости и да проектираме за колку време ќе ги имплементираме сите европски стандарди и да станеме земја-членка на ЕУ. Ќе бидеме амбициозни, но реални, сакаме да ги исполниме овие стандарди не подоцна од 2030 година. Ова ќе биде можно ако се вклучат сите чинители во општеството – институциите, граѓанското општество, бизнис секторот и сите политички партии, рече Маричиќ во обраќањето на Конференцијата „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy