
Лимани вели дека Беса ќе гласа против уставни измени, ако не се избрише 20% за Албанците
Потпретседателот на Беса, Фатмир Лимани, вчера во емисијата „200“ на Алсат изјави дека партијата не е против вклучувањето на Бугарите во Уставот, но е против Албанците во највисокиот правен акт да се претставуваат со проценти.
„Ние не сме против вклучување на Бугарите во Уставот. Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но ние сме против тоа Албанците да се претстават како 20 отсто. Албанците со преамбулата договорена со Охридскиот договор се државотворен народ. И во случај да не се избрише 20 отсто како дефиниција внатре во Уставот, Беса ќе гласа против“, вели Лимани.
Според Лимани, ова не е условување, а како што рече, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, не бил против бришење на 20 отсто.
ЛИМАНИ: БЕСА ЌЕ ГЛАСА ПРОТИВ УСТАВНИ ИЗМЕНИ АКО ВО УСТАВОТ НЕ СЕ ИЗБРИШАТ „20-ТЕ ПРОЦЕНТИ“
