
Лил во 109-та минута ја расплака Риека, испадна шпанска Осасуна
Риека ја неутрализираше предноста од еден гол по 58 минути игра после голот на Смолчиќ, па мечот влезе во продолженија и после првите 15 минути во кои резултатот остана непроменет, Давид три минути во второто продолжение постигна гол, по кој риечани не успеаа до крајот да дадат втор за да се изборат за пенали и го завршија европскиот настап.
Од Европа испадна и шпанска Осасуна, која одигра 2-2 во Бриж, но пресуди домашниот пораз со 1-2. Памплонците првично беа суспендирани од УЕФА поради местенка пред една деценија, но УЕФА после се премисли, но првиот европски настап на шпанскиот тим мина тотално неуспешно.
Астон Вила, Ајнтрахт Франкфурт и Нордсјеланд со втора победа против белградски Партизан исто така го потврдија пласманот во групите во Конференциската лига.
