
Лидл започнува да гради маркет во Битола
Германскиот трговски синџир “Лидл“ на 3 август ќе започне со градба на маркет во Битола.
Истиот ќе биде на локација кај кружниот тек на “Дулие“, на местото на старата млекара.
Деновиве градежни екипи го исчистија просторот, кој вчера беше и заграден и ја поставија градежната табла на која може да се прочита дека маркетот ќе се гради една година до 3 август 2024.
ФОТО: Bitolanews

