Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лидерска средба на повидок: Мицкоски бара консензус за реформите и укинување на техничката Влада
Македонија

Лидерска средба на повидок: Мицкоски бара консензус за реформите и укинување на техничката Влада

07/01/2026

AA

Укинувањето на техничката влада и постигнувањето поширок политички договор за реформските закони што се клучни за европскиот пат на државата се наметнаа како централна политичка тема на неделата. Во интервју за телевизија Алфа, премиерот Христијан Мицкоски најави дека од утрешниот ден ќе упати покани до политичките лидери во земјава за лидерска средба, која би требало да се одржи во рок од седум до десет дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос.

Мицкоски истакна дека очекува конструктивен пристап и консензус од лидерствата на сите парламентарни коалиции, особено кога станува збор за прашања од државен интерес и напредокот на Македонија кон Европската Унија.

– Да разговараме за правобранителот и за сите теми каде што немаме дијаметрално спротивставени ставови. Да покажеме зрелост како политичари и како држава, особено кога целта пред нас е Европската Унија. За реформските закони веќе има позитивни мислења од Венецијанската комисија и од Канцеларијата на ЕУ, па време е да седнеме и отворено да разговараме – порача премиерот во интервјуто.

Во делот за техничката влада, Мицкоски потсети дека и претставници на СДСМ пред минатите избори јавно изразиле став дека ваквиот модел повеќе не е неопходен. Тој нагласи дека актуелната влада, за разлика од претходните, покажува поголема инклузивност, што е важно во период кога се отвораат суштински прашања за реформите на политичкиот систем и реформската агенда поврзана со ЕУ, за кои е потребен поширок договор.

– Не би сакал да влегуваме во измени на политичкиот систем без консензус. Таквите одлуки не треба да се носат еднострано. Ако постои заедничка оценка дека техничката влада го кочи системот или отвора уставни дилеми, тогаш тие прашања треба да ги решаваме заедно – истакна Мицкоски.

Премиерот изрази уверување дека сите лидери на парламентарните коалиции ќе ја прифатат поканата за лидерска средба, посочувајќи дека дневниот ред нема да биде затворен и дека ќе може да се проширува со теми предложени од учесниците. Според него, токму отворениот дијалог и вклученоста на сите релевантни политички фактори се клучни за напредокот на државата во наредниот период.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy