Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лидерите на верските заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост
Македонија

Лидерите на верските заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

05/05/2023

AA

Лидерите на петте верски заедници во земјава – Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница преку заедничко соопштение изразуваат загриженост за иднината на верниците особено за жените и децата со донесувањето на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Предлагаат повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување.

– Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! Впрочем, нашата најголема загриженост се однесува на намерата овој Закон да ги опфати и малолетните лица, односно децата. Промовирањето на различни родови идентитети и „флуидноста“ помеѓу нив, можат да предизвикаат непоправливи штети, особено кај тинејџерите, кои, вака упатувани и образувани, треба да минат низ процес на самоиспитување и испробување, несоодветен за нивната возраст, се наведува во соопштението од Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, Реис-Ул-Улема Шаќир Фетаи, Скопскиот Бискуп и Епарх Струмичко-скопски, Киро Стојанов, Суперинтендент Марјан Димов и претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви.

Предлог-законот за родова еднаквост, се подвлекува во соопштението, отвора можност за загрозување на родителските права бидејќи предвидува, од аспект на родов идентитет, децата да бидат третирани еднакво како и возрасните.

– Поучени од актуелните случувања во земји, каде родовата идеологија е реалност со трагични последици, којашто сѐ повеќе предизвикува активен отпор кај родителите, психијатрите, психолозите и учителите, повикуваме на повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување, за запознавање со сите последици по психолошкото здравје на младите и за активно вклучување во разработката на такви закони на сето општество, а, пред сè, на родителите и на сета стручна јавност, посочуваат во соопштението.

Изворот на овој, како што велат, загрижувачки тренд го лоцираат во ратификувањето на Истанбулската конвенција, која, благородната цел на заштита на жените и децата, ја искористи како параван за затскриено наметнување на родовата идеологија.

Предлог-законите, како што наведуваат, во основа, им противречат на доктрините на сите верски заедници.

– Затоа, апелираме до сите релевантни субјекти сериозно да ја разгледаат можноста за повлекување на овој документ, по примерот на многу земји членки на ЕУ кои од него се дистанцираа, како што се: Турција, Чешка, Унгарија, Бугарија, Словачка, Литванија и Латвија, и кои сè уште не го ратификувале, односно некои го отфрлија токму поради неговата родова компонента, порачуваат лидерите на петте верски заедници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy