
Лидерите на ЕСП во Вашингтон средба со конгресменот Џим Химс
За време на официјалниот престој во Вашингтон, лидерите на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити ги продолжуваат средбите со високи американски претставници.
Тие денеска во Вашингтон беа примени од конгресменот Џим Химс, копретседател на Претставничкиот дом на САД и дел од парламентарната група за албански прашања.
На оваа средба уште еднаш беше нагласена исклучително виталната улога на САД во одржувањето на мирот и стабилноста и покрај постојаните обиди за негово загрозување.
Албанско-американското пријателство, кое дава посебен придонес во политичкиот живот во регионот, треба уште повеќе да се продлабочува.
Лидерите на ЕСП со конгресменот Џим Химс го споделија истиот став за потребата од понатамошна демократизација на земјата, како и за виталното значење на интеграцијата на земјата во ЕУ како единствена алтернатива за регионот.
Во оваа прилика, на конгресменот Џим Химс му беше претставена загриженоста за опасните димензии на корупцијата во Северна Македонија, проблем кој се претвора во главна пречка за отворање на земјата кон интеграција во европското семејство, што се докажува и со вклучувањето во американската црна листа на експоненти од владеачки политички субјекти на Северна Македонија.
