
Лицата со попреченост без оглас ќе се вработуваат во Одбрана, најави министерката Петровска
Министерката за одбрана Славјанка Петровска по повод светскиот ден на лицата со пречки во развојот објави сегмет од новиот закон со кој се предвидува дека лицата со пречки во развојот да се вработуваат во министерството за одбрана без објавување на јавен оглас.
„Ова е големо поместување во нашето општество, посебно што се работи за министерството за одбрана, министерство кое работи по НАТО стандарди. Потегот на Министерката за вклучување на овој член на законот е за поздравување и се надеваме дека и другите институции ќе го следат нејзиниот потег“, вели таа.