Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лежел во затвор за тешка кражба: 37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“
Магазин

Лежел во затвор за тешка кражба: 37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“

10/05/2024

AA

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица”.

– На ден 11.05.2023 година на ул. Беласица во Скопје, поточно под мост „Беласица“ предизвикан е пожар на “просторија за компензација на тополовод” во истиот мост, на левиот брег на реката Вардар, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ – снабдување со топлина, при што предизвикани се и топлински оштетувања на наведениот топловод како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.

Со наведеното дејствие извршено е кривично дело „Тешки дела против општата сигурност” по чл. 292 од КЗ, а во врска со кривично дело “Предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ за што од страна на Единица за насилен криминал при СВР Скопје преземени се опсежни оперативни мерки за откривање на сторителот на истото. По изготвувањето на анализи во Одделот за форензички испитувања на подигнатите траги од лице место (отпушоци од цигари и запалка) од страна на полициски службеници извршен е разговор со повеќе лица при што е утврден сторителот на горенаведеното кривично дело, лицето И.Х.(37) од Скопје и против истиот на 10.05.2024 година до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава“, истакна Тошковски.

Тошковски нагласи дека пријавениот И.Х. од 12.09.2023 година се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ “Скопје” поради сторено кривично дело „Тешка кражба” по чл. 236 од КЗ.

Мостот „Беласица“ беше опожарен на 12.мај минатата година, по што беше затворен за сообраќај.

Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста, од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, а од почетокот на мај годинава целосно беше отворен за сообраќај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy