
Лежел на пат: Повреден маж итно пренесен во Клиничкиот центар по инцидент во Ајватовци
На 30.12.2025 во 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влез во с.Ајватовци, општина Илинден на патот лежел повреден И.С.(43) од кривопаланечко село, со престој во скопско село.
Од екипа на итна медицинска помош И.С. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
