Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Трошоците за „Бехтел и Енка“ ќе го изедат македонскиот буџет
Македонија

Левица: Трошоците за „Бехтел и Енка“ ќе го изедат македонскиот буџет

10/10/2023

AA

Агенцијата за рејтинг „Фич“ предупредува на можни негативни последици од скандалозниот проект за Коридорот 8 и 10Д, иако го потврди кредитниот рејтинг кој е далеку од инвестициски. За оваа година, агенцијата проектира забавен раст на БДП до 1,9 отсто и укажува дека проектот на „Бехтел и Енка“ ќе раскрчмува по два отсто од БДП во следните пет години!

Дополнителните трошоци, поврзани со изградбата на автопатите ќе го зголемат буџетскиот дефицит, па затоа „Фич“ препорачува приспособување на трошоците и нови мерки.

И покрај бурните реакции во јавноста за номинирањето на контроверзниот американско-турски конзорциум „Бехтел и Енка“ како стратешки партнер за имплементација на проектите, власта ги протна законите за целите на овој проект по скратена постапка. Со тоа се овозможуваат низа даночни, царински олеснувања и привилегии, работно време дури и по 60 часа неделно, а се става во опасност од уништување и археолошкото и културното богатство на Македонија. Покрај тоа, треба да се изврши експропријација на повеќе од 50 отсто од земјиштето кое е во приватна сопственост, со што ќе се пролонгираат роковите и ќе се зголеми цената на чинење на проектот.

Имајќи ја во предвид досегашната реализација на капитални инвестиции, неспособната власт која на почетокот најавуваше 500 – 800 милиони евра за изградба на делниците, сега веќе проценува дека се потребни над 1,3 милијарди евра. Буџетот дополнително ќе биде оптоварен ако проектите не се финализираат за 4,5 години, како што се случи и со многу други инфраструктурни проекти, за кои народот плаќа огромни пенали, камати и провизии, поради неспособноста на корумпираната власт.

Левица поднесе и Иницијатива до Уставниот суд, алармирајќи на бројните негативни ефекти од изградбата на Коридорите 8 и 10д. Овој проект, исклучиво е во функција на незаконското работење на власта предводена од ДУИ и спротивен е на јавниот интерес на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy