Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Приватизацијата на ХЦ “Чебрен” е еднакво на национално предавство!
Македонија

Левица: Приватизацијата на ХЦ “Чебрен” е еднакво на национално предавство!

18/09/2023

AA

Одлуката на Владата за грчка компанија да го добие стратешкиот проект Чебрен е поразителна и штетна за целокупата енергетска независност на Македонија! Локацијата која се дава на странски инвеститор е последната сериозна позиција за изградба на рентабилна хидроцентрала и истата е од суштинско значење за Електроенергетскиот систем на државата.

Во време на енергетска криза, отуѓување на секој потенцијал за државно производство на електрична енергија е дело против државноста и самостојноста на Македонија. Ваквата Одлука на Владата значи дека електричната енергија која ќе биде произведена во Македонија со домашни ресурси ние повторно ќе треба да ја купуваме на берза.

Оваа природна „батерија“ ќе го закрепне целокупниот систем, ќе го намали притисокот врз термоцентралите и ќе ги балансира вишоците од дневното производство на фотоволтиците. Заради овие причини овој капацитет мора да биде во 100% сопственост на Републиката, а не само 33%.

Ваквата катастрофална енергетска политика, каде бенефитот го има грчкиот капитал, е продолжување на политиките на Заев и Анѓушев. Потсетуваме дека бившиот вицепремиер Кочо Анѓушев, ја продаде својата компанија ЕДС, формирана со капитал од 5 илјади евра, на државната грчка енергетска компанија за 4.8 милиони евра, под сомнителни околности, со оглед на тоа дека грчкото електростопанство во време на купродажбата беше во банкрот.

Од тука, се поставува прашањето – чии интереси се штитат со приватизацијата на Чебрен од страна на грчка компанија?!

Владата на Ковачевски, во услови на енергетска криза, наместо да инвестира во енергетски капацитети, истата упорно ги распродава националните ресурси на странски компании, чиј профит ќе завршува во нивните стопанства. Ако ваквиот недржавнички чин на СДСМ се имплементира, дефинитивно ќе ја изгубиме и онака кревката енергетска стабилност, а со тоа и целокупната независност како држава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy